Пионерот на детроитската електронска сцена на 4 јуни оваа година настапи на отворањето на големиот париски фестивал „Weather Festival“.
Настапот беше во организација на скопската продуцентската куќа „Излет мјузик“ во соработка со „Трансмат – Детроит“. Како солист на пијано настапи светски познатиот Франческо Тристано, а од Македонија настапија Емин Џијан, како диригент и одговорен за оркестрациите, челистката Маријана Николовска и режисерот Игор Иванов-Изи, задолжен за целокупната визуелизација, анимации и светло. Концертот е фузија од електронска и класична музика, светлосни ефекти, видео и аудио поддршка. Соработката меѓу „Излет мјузик“ и Дерик Меј започна минатата година под наслов „Музика универзалис“ кога Меј настапи заедно со Македонската филхармонија во Античкиот театар во Охрид. Концертот во Париз го емитуваше ТВ Арте, најпрестижата европска телевизија специјализирана за културна програма.