(ВИДЕО) Демонстрантите во Нови Сад истурија фекалии врз Градското собрание: „Нека го почувствуваат мирисот и вкусот на тоа што ни го прават“

Како што јавуваат српските медиуми, за време на протестот, се случиле неколку инциденти. Имено, демонстрантите истуриле фекалии врз Градското собрание, порачувајќи дека тоа е перформанс бидејќи власта, фигуративно, „со години нè храни со фекалии“

Неколку илјади луѓе, денеска нешто по 18 часот, започнаа протестна прошетка низ централните улици на Нови Сад кон Градското собрание, барајќи одговорност од властите за смртта на 14 лица во уривањето на натстрешницата на железничката станица во тој град.

Како што јавуваат српските медиуми, за време на протестот, се случиле неколку инциденти. Имено, демонстрантите истуриле фекалии врз Градското собрание, порачувајќи дека тоа е перформанс бидејќи власта, фигуративно, „со години нè храни со фекалии“.

„Можат да го почувствуваат мирисот и вкусот на тоа што ни го прават“,

изјавила една учеесничка на протестот.

Демонстрантите претходно се обиделе да го запалат Градското собрание, ставајќи неколку факели низ прозорците на оваа институција.

Маскирани лица фрлале камења, шишиња и метални кофи кон просториите на владејаќката партија СНС.

Еден од демонстрантите, Игор Ковачевиќ, за Н1 изјавил дека циглите кон просториите на СНС не ги фрлале демонстрантите, туку маскирани момчиња.

Протестите во Нови Сад, по повод смртта на 14 лица по падот на настрешницата, се во полн ек, а претседателот на Србија, Александар Вучиќ повторно се огласи на Инстаграм. Тој ги нарече протестите „насилни протести против државата Србија“.

На протестот се бара утврдување на кривична и политичка одговорност за несреќата и оставка од српскиот премиер Милош Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ.

Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ најави дека ќе поднесе оставка по падот на натстрешницата на Железничката станица.

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, изјави дека ќе ја прифати оставката на Весиќ. Тој рече дека нема сомневање оти Весиќ субјективно не е виновен за уривањето на натстрешницата на Железничката станица во Нови Сад, но дека, сепак, е објективно одговорен, бидејќи е министер за градежништво, транспорт и инфраструктура.

Српскиот министер за градежништво Горан Весиќ поднесе оставка поради несреќата во Нови Сад

Тројцата повредени во несреќата сè уште се во многу тешка состојба.

Тројцата повредени во несреќата во Нови Сад сè уште се во многу тешка состојба

- Реклама -