(ВИДЕО) Целосно изгаснат пожарот во Крушевско, полициските хеликоптери исфрлиле над 40 тони вода

Претходно од ЦУК информираа дека поради опасност од ширење на пожарот кон селото, била побарана помош за крушевските пожарникари

ФОТО: Центар за управување со кризи

Шумскиот пожар, што попладнево изби во атарот на крушевското село Пуста Река, целосно е изгаснат, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Во гаснењето на пожарот, како што додаваат оттаму, биле вклучени два полициски хеликоптери од Одделот за воздухопловни единици.

„По добиено барање од Центарот за управување со кризи (ЦУК), двата хеликоптера на пожарот исфрлија над 40 тона вода и во координација со пожарникарите, пожарот е целосно изгаснат“,

се вели во полициското соопштение.

Претходно од ЦУК информираа дека поради опасност од ширење на пожарот кон селото, била побарана помош за крушевските пожарникари.

- Реклама -