(ВИДЕО) Бајден потврди дека Израел и Хезболах договорија прекин на огнот во Либан

„Да бидам јасен, доколку Хезболах или некој друг го прекрши договорот и претставува директна закана за Израел, тогаш Израел го задржува правото да се брани, во согласност со меѓународното право“, рече американскиот претседател

Американскиот претседател Џо Бајден денеска потврди рече дека владите на Израел и Либан го прифатиле предлогот да се стави крај на разорниот конфликт меѓу Израел и Хезболах, пренесува Си-ен-ен.

Американскиот претседател Џо Бајден пред Белата куќа / Фото: EPA-EFE/CHRIS KLEPONIS / POOL

Бајден во обраќањето од Белата куќа рече дека има можност да пренесе добра вест, која се однесува на тоа дека израелскиот безбедносен кабинет го одобрил договорот за прекин на огнот и за ставање на крај на борбите со милитантната група Хезболах во Либан.

Предлогот има за цел да се постигне шеесет дневен прекин на огнот, што би требало да биде основа за трајно примирје.

„Сакам да му заблагодарам на францускиот претседател Емануел Макрон за неговото партнерство во постигнување на овој договор за 14-месечната војна што беснееше меѓу Израел и Либан“,

кажа претседателот на САД.

Најави дека договорот ќе почне да сее применува од 4 часот по локално време.

Бајден посочи дека Израел го задржува правото да се брани, доколку Хезболах или некој друг го прекрши договорот.

„Да бидам јасен, доколку Хезболах или некој друг го прекрши договорот и претставува директна закана за Израел, тогаш Израел го задржува правото да се брани, во согласност со меѓународното право“,

рече тој.

Американскиот претседател смета дека овој договор најавува нов почеток за Либан и и помага на таа нација да го задржи својот суверенитет.

Најави и дека американските војници нема да бидат распоредени во јужен Либан.

„Во текот на следните 60 дена, Израел постепено ќе ги повлече своите преостанати сили, а цивилите од двете страни наскоро ќе можат безбедно да се вратат во своите заедници и да почнат да ги обновуваат своите домови“,

кажа тој.

Израелскиот кабинет за национална безбедност официјално го одобри прекинот на огнот во Либан со мнозинство од десет министри наспроти еден.

Единствениот член на безбедносниот кабинет кој својот глас го даде против договорот е министерот за национална безбедност Итамар Бен Гвир.

- Реклама -