ВИДЕО: Авион пропаднал над 9 километри за неколку минути

Во текот на летот имало проблеми со притисокот во кабината, соопшти авиокомпанијата, чиј авион на релацијата од Атланта кон Форт Лодердејл бил пренасочен во Тампа, Флорида, каде што безбедно слетал.

Маските за кислород паднале од таванот на авионот и настанал хаос меѓу патниците, изјавил еден од патниците за телевизијата ВСБ.

Една од стјуардесите повеќе пати преку разгласот ги молела луѓето да не паничат, но тоа не помогнало многу. Патниците масовно им пуштале пораки „те сакам“ на своите роднини за време на падот.

Причината за падот сè уште не е позната, но авионот во моментов се испитува.

- Реклама -