Во германската медиумска јавност Македонците почнаа да се „губат во преводот“ и во граматиката, а на нивно место веќе се родија „Северномакедонци“, односно „Nordmazedonier“, пишува Кица Колбе во вчерашната колумна објавена на „Дојче веле“.
„Северномакедонци“, засега, постојат само во германскиот правопис, констатира таа, но ако тоа стане норма, таквите „граматички призраци” тешко се изгонуваат од реалноста. Оттаму, колумнистката предлага македонското МНР да организира научна конференција на која на германските лингвисти, политиколози и новинари ќе им се објаснат финесите на Преспанскиот договор и ќе се инсистира на Nord-Mazedonien (со цртичка), бидејќи во таквата форма, според Колбе, е „видливо сложеното име“ и „јасно е дека тоа не е ново име, туку само географско прецизирање. Nord е додавка на веќе познатата именка Mazedonien. Кога нема цртичка, настанува нова именка“, вели таа.
Колумнистката тврди и дека македонската политика морала да го има во предвид овој проблем уште пред потпишувањето на Преспанскиот договор, а најдобро ќе било уште на самиот почеток од потпишувањето на Договорот, да се направи „Маршалов план“ за негова презентација во светот.
Најдобро ќе беше Владата и сооодветните министерства да ги соберат најдобрите умови во Македонија и надвор од неа, а таквиот стручен тим ќе можеше да им објасни на странските влади и медиуми дека поради специфичноста на спорот за името Македонија, именката Македонија во новото име е од суштинско значење, тврди таа.
Меѓутоа, од денешната ситуација јасно станува дека македонската политика не го предвиде овој проблем, или уште поверојатно, не презема доволно по тоа прашање. Велиме „поверојатно“ бидејќи уште пред самото потпишување на Преспанскиот договор, многумина предупредуваа токму на ваквиот исход со германската група јазици. Еден од нив беше и Димитар Апасиев од „Левица“. „Експертите“, меѓутоа, тогаш неговите предупредувања ги прифаќаа со потсмев: