(ВИДЕО) Ангелов: Пожарот кај Македонски Брод е најтежок за гаснење – гори и кај Охрид, Новаци, Кичево и Струга

Директорот на ЦУК апелира до граѓаните да не користат пиротехнички средства при прослави и семејни веселби, кои потоа можат да предизвикаат пожари

Се уште гори во Општина Македонски Брод, каде пожарот е навлезен на територија на ловиштето „Јасен“, а еден крак се движи кон викенд населбата на брегот на езерото Козјак. Ова како што информира директорот на Центарот за управување со кризи е Стојанче Ангелов е најтешкиот пожар и таму се дејствува најконцетрирано, со еден полициски хеликоптер, шест „ертрактори“ и 40-тина пожарникари од Унгарија со специјални возила, како и пожарникари од земјава и вработени од ДЗР и од „Национани шуми“.

Според него, пожарот кај „Јасен“ е делумно сопрен и се надева оти во текот на утрешниот ден овој дел од пожарот ќе биде ставен под контрола.

„Има пожар и во Општина Охрид, кој се движи кон Ресен, поточно од врвот Магаро кон Стење. Актвни се и пожарите во Општина Новаци, село Полог, во Општина Кичево, кај селот Челопеци. Два активни пожара има во Струга, едниот кај село Долна Белица, а вториот пожар е струшките села Татеши – Добовјани“,

вели тој.

Ангелов апелира до граѓаните да не користат пиротехнички средства при прослави и семејни веселби, кои потоа можат да предизвикаат пожари.

Во текот на денешниот ден има вкупно 29 пожари на отворено, од кои 21 е изгаснат, два се ставени под контрола, а шест се сеуште активни.

Под контрола се ставени пожарите во Демир Хисар и Охрид, на Илинска Планина, на подрачјето на двете општини и во Делчево, кај депонијата Делчево.

Изгаснати пожари има во општините Кичево, кај село Зајас, во скопските општини Петровец, Студеничани, Гази Баба, Чучер Сандево, Сопиште, Шуто Оризари.

Според министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, полицијата денеска привела три лица во скопско поради предизвикување пожар.

- Реклама -