(ВИДЕО) Ангелов: Има шест активни пожари, најсложен за гаснење е тој во атарот на селата Тажево и Брезница кај Македонски Брод

На територијата на државата помагаат еден хелихоптер од Србија, еден од Чешка, еден од Словенија, два од Унгарија, два „ертрактори“ од Шведска и два од Германија. На помош е пристигнат и тим од Унгарија со 46 лица, со специјални тереенски возила за движење по тешко пристапни предели

Во текот на денешниот ден има 17 пожари на отворено, од нив шест се целосно изгаснати, а пет се ставени под целосна контрола. Во моментов има шест активни пожари. Ова попладнево го соопшти Стојанче Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), псоочувајќи дека првиот и најсложен пожар за гаснење е на територија на Општина Македонски Брод, во атарот на селата Тажево и Брезница, пожар за кој рече дека беснее со денови.

„Дождот што денеска заврна во мала количина не го изгасна овој пожар и тој продолжува да гори. На ова место делува тимот од 40 лица од Унгарија, со специјални теренски возила, како и 50 припадници на македонската армија поддржани со водухоплови“,

рече Ангелов.

Вториот активен и сложен пожар е на територија на Пробиштип, поточно на Осоговските планини, кој според Ангелов, беснее во атарот на село Зелени Град, и за кој смета дека во текот на денот ќе воспостават делумна контрола. На ова место се дејствува со повеќе хелихоптери.

На територија на Демир Хисар има пожар на Илинска планина, за кој Ангелов оцени дека е непријатен пожар, каде вчера се дејствувало со „ертрактори“, но поради густ црн чад било отежано летањето и морало да се прекине гаснењето од воздух. Во моментов таму се гаси од земја.

И кај село Пласница се гаси од земја. Пожарот кај Охрид, кај населбата Косел, денеска повторно се реактивираше, што предизвика вознемиреност кај населението. Како што вели Ангелов се движи во правец на Ресен, но нема опасност по ниту едни населени место.

„Иако има повече од 100 луѓе што гаснат од земја, поради ветерот се избуги контролата врз овој пожар“,

вели тој.

Последниот активен пожар е на територија на Долнени, кај Лажани, каде гори ниска вегетација и се гаси од земја.

Под контрола се ставени пет пожари, во Кратово, Кочани, Македонски Брод, Свети Николе и Пробиштип.

Изгаснати целосно се шест пожари, од кои два на територијата на Град Скопје, кои вчера предизвикаа вознемиреност кај граѓаните.

Изгаснати се и пожарите во Зелениково и Студеничани, како и кај Ново Село и во атарот на Пробиштип, и последниот кај Општина Лозово.

Дождот, според Ангелов, ги промашил неколкуте критични пожари.

На територијата на државата помагаат еден хелихоптер од Србија, еден од Чешка, еден од Словенија, два од Унгарија, два „ертрактори“ од Шведска и два од Германија. На помош е пристигнат и тим од Унгарија со 46 лица, со специјални тереенски возила за движење по тешко пристапни предели.

- Реклама -