ВИДЕО| Адел им ја потврди свршувачката на германските фанови


Британската пејачка Адел им ја потврди свршувачката со американскиот спортски агент Рич Пол на своите фанови за време на настапот во Германија.

Триесет ишестгодишната пејачка во 2021 година откри дека била во врска со основачот на менаџерската компанија „Klutch Sports Group“, која ги претставува кошаркарските ѕвезди како Леброн Џејмс, Ентони Дејвис и Џон Вол.

Според снимките на социјалните мрежи од еден од нејзините концерти во Минхен, Адел, гледајќи маж со натпис „Дали ќе се омажиш за мене?“, рекла: „Не можам да се омажам за тебе, бидејќи веќе се мажам па не можам, но јас го ценам тоа, благодарам“.

Адел на публиката и покажа и нешто што се чини дека бил веренички прстен.

Таа претходно изјави за Vogue дека пред Пол, кој редовно го посетувал нејзиниот дом во Лас Вегас, луѓето со кои излегувала ја „мразеле“ нејзината слава. „Би им било стресно да бидат надвор или да се видат со мене. Додека тоа него воопшто не го излудива“, изјави пејачката.

Пејачката го објави својот последен албум во ноември 2021 година, со што се врати по пет години пауза. Албумот наречен „30“ ги содржи сингловите „Easy On Me“, „I Drink Wine“ и „To Be Loved“.

- Реклама -