Има некои родители на кои детските приредби им се хорор, бидејќи се плашат дека нивното дете ќе ја зезне работата и ќе ги „посрами“ пред сите други родители.
Ама има и родители што се целосна спротивност, и кои би направиле сé за нивното дете да не си оди дома со трауми, па колку и да зезнало на настапот.
Веројатно веќе претпоставувате од кој тип е овој родител кој го најавивме во насловот. Таман кога требаше да почне настапот, неговата ќеркичка ѝ подлегна на тремата и доби паничен напад. Кога изгледаше дека тоа ќе бидат тешки неколку минути, на сцената се појави вистинскиот херој – но не со наметка, туку со бебе во рацете. Малата балерина веднаш престана да плаче, го фати татко си за рака и сите тројца заедно ја одиграа целата претстава. Не за џабе видеото до моментов има 11 милиони прегледи.