Видео: 100 милиони долари да го истепам тој идиoт пак, па нема смисла

Иако сите веруваат дека ќе има ри-меч помеѓу Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор, бидејќи тоа ќе биде едноставно пребогат меч да не биде организиран, УФЦ шампионот Хабиб продолжува да инсистира дека нема намера да му даде реванш на Ирецот и покрај понудите од 100 милиони долари.

Хабиб го „задави“ Мекгрегор во четвртата рунда од нивниот меч во октомври 2018, по што во „Т-Мобиле арената“ во Лас Вегас се случи општа тепачка по големиот број на провокации и инциденти пред мечот. Откако Мекгрегор минатиот месец се врати триумфално во октагонот со победа по 40 секунди над Доналд Серон, шефот на УФЦ Дејна Вајт неколку пати посочи дека ќе има ри-меч, а самиот агент на Нурмагомедов призна дека постои понуда од 100 милиони долари од Саудиска Арабија.

Но, зборувајќи на стадионот на Анжи, клубот од Махачкала, Дагестан, Хабиб едноставно не можеше да сфати зошто ри-мечот би предизвикал толку внимание.

„Имам борба на 18 април против Тони Фергусон. Многу сериозна борба. Последниот месец и пол тренирам ден и ноќ и се наоѓам во добра форма на 70 дена пред мечот. Што ќе се случи по мечот никој не знае. Не се грижам за тоа. Изненаден сум што луѓето воопшто ме прашуваат за ри-меч. Сите имаа шанса да видат што се случи тогаш. Го контролирав секој чекор, го направив тоа што ми беше планот, тој дури самиот се предаде. Зошто би зборувале за ри-меч? Може да зборуваме за прославите и за правањето пари? Прашањето е дали го сакам тоа? Зошто би ми биле потребни 100 милиони долари? Нека им ги дадат на други организации – фудбал за слепи, самбо, други спортови. Но, да ми дадеш мене 100 милиони долари да го истепам тој идиот повторно? Тоа не е многу рзционално“, вели Нурмагомедов.

Видеото на Топ спорт

- Реклама -