Се натпреварувале Македонец, Американец и Русин кој подолго ќе може да зачува државна тајна.
И така прво го мачеле Американецот едно 10 минути и ништо, не издржал, им ја кажал државната тајна. Русинот го тепале 40 мин и на крај им ја кажал тајната.
На крајот Македонецот го тепале, го тепале цел ден тој никако да им ја каже тајната.
Вториот ден го ставиле во некоја соба метар на метар и му ги пуштиле најглупите турбо фолк песни на цел глас, и тоа не успеало, не ја открил тајната.
Третиот ден решиле да му ја честитаат победата, ја отвориле вратата од собата и го гледаат Македонецот со прстот на главата како си зборува сам на себе:
– Сети се глупаку! Сети се… ќе те убијат!!!