Се шетале двајца пензионери во петок по улица, кога гледаат полицаец покрај автомобилот…
– Што правиш бе глупав, викнал пензионерот.
– На кого бе ти глупв, се изнервирал полицаецот. Пишувам казна за неправилно паркирање.
– Нема што да пишуваш тука, добро сум си паркиран и за кратко бевме излезени.
Тогаш полицаецот се изнервирал:
– Така ли, твој ли е автомобилов? Сега ќе видиш…
Врз казната за неправилно паркирање ставил уште една за навреда на полицаец.
– Сега пак ли ќе навредуваш? Бегај од тука додека не сум ти пишал уште една казна.
Полицаецот нервозен заминал од местото, а двајцата пензионери смеејќи се си продолжиле по патот, притоа по неколку часа, оставајќи го вистинскиот сопственик на автомобилот со зината уста.