ВИЦ:Еским

Си бил некој Еским кој тргнал да лови риба. Дошол до едно место, ископал дупка во мразот и ја спуштил јадицата.

Тогаш слушнал некој глас кој му вели дека тука нема риба. Ескимот се зачудил, помислил дека му се причинува и продолжил да лови. И повторно по некое време го слушнал истиот глас кој му го повторил истото.

Ескимот се изнервирал, станал и на сет глас вика кој му го збори тоа.

– Тука е директорот на лизгалиштево, ти реков дека овде нема риба.

 

- Реклама -