Гумата за џвакање не само што го отстранува непријатниот здив, туку го подобрува памтењето.
Концентрацијата не ви е јака страна? Имаме добра вест за вас. Гумата за џвакање може да ви помогне подолго да останете фокусирани на задачите кои бараат континуирана мозочна активност.
До овој заклучок дошле британските научници во чие истражување учествувале 38 испитаници кои биле поделени во две групи. Двете групи морале да обработат 30-минутна аудио-задача која вклучувала слушање на листа од броеви од 1 до 9 кои им биле читани по случаен редослед. Учесниците биле оценувани по прецизноста и брзината на можноста да откријат низа непарни-парни броеви, на пример 7-2-1.
Резултатите покажале дека испитаниците кои во текот на задачата џвакале гума за џвакање побрзо реагирале и изговарале поточни резултати од учесниците без гума за џвакање.
Овој феномен посебно бил изразен на крајот на задачата, што сугерира дека гумата за џвакање ни помага да се фокусираме на задачи кои бараат континуирана мозочна активност во текот на подолг период.