Вежбањето го зголемува животното задоволство

Луѓето кои што секојдневно ја зголемуваат својата физичка активност за само неколку минути, чувстуваат поголемо животно задоволство, се вели во новата студија.

Истражувачите од Универзитетот Пенсилванија проучувале 153 луѓе на возраст помеѓу 18 и 25 години со цел да го утврдат влијанието на физичката активност врз чувството на задоволство од животот. Пронајдено е дека задоволството е под директно влијание на дневната физичка активност.

Со овој пронајдок се повеќе се зацврстува идејата дека физичката активност е значајна за здравјето на луѓето и треба да се земе предвид кога се изготвуваат националните политики за подобрување на квалитетот на животот.

Според истражувањето, за да ги согледаат позитивните ефекти, луѓето треба само малку да го зголемат нивото на извршување на физичката активност.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -