Весникарчето Џими Бозарт знаело дека двете учителки кои живеат на 6-иот кат на Фостер Авенија 3403 во Источен Флатбуш, редовно му даваат бакшиш.
Секоја недела му плаќале 50 центи за претплата на “Brooklyn Eagle”, иако цената била 35 центи.
Во 1953 година за едно 13-годишно момче тоа се многу пари, признава г-дин Бозарт, кој веќе има 75 години. Еден од оние неделни бакшиши ќе се покажат како предмет на многу важно поглавје од историјата на меѓународната шпионажа, драматичната дипломатија по време на Студената војна, која го зазеде централното место на првите страници на весниците пред повеќе од половина век.
Дури Стивен Спилберг го направи филмот “Мостот на шпионите” (“Bridge of Spies”), кој раскажува за њујоршки адвокат кој во 1962 година преговара со Советскиот Сојуз за ослободување на заробен пилот од ЦИА.
Во него урбаната легенда за Џими Бозарт и бакшишот не е раскажана, но го наоѓа своето заслужено место во Бруклинскиот фолклор. Џими е момче со скромно потекло, кое помага во фаќањето на шпион за време на Студената војна. Благодарение на тоа, Бозарт започнува успешен бизнис, поврзан со сериозни инвестиции во ресторани и дискотеки.
Приказната започнува на 22 јуни 1953 година кога Џими слегува по скалите и ги брои монетите кои учителката му ги дала. Одеднаш се сопнува, а парите паѓаат наоколу. Момчето наоѓа 45 од сите 50 центи, но продолжува да ги бара и останатите 5.
Џими открива многу тенок дел од монета со ликот на Томас Џеферсон. Некако задниот дел е одвоен од предниот. Напред се уште ѕирка страничниот раб и во него е сместен минијатурен дел од црн микрофилм.
Џими се прибира дома на аголот на 43-та улица. Заедно со својот татко, кој работи на железничката пруга во Њујорк, го гледаат микрофилмот со светилка и лупа. “На него се гледаа записи од осум или 10-цифрени броеви”, се сеќава Бозарт.
Негова соученичка е ќерка на детектив, па Џими ја носи парата во нејзиниот дом, но детектовот не е дома. Разбирајќи подоцна за чудното откритие на Џими, детективот и неговите колеги се обидуваат да дојдат до разнесувачот на весници.
Ги конфискуваат парите на локалната црква, каде мајката на Џими оди, со идејата дека тој може и ја дал спорната пара. Ги претресуваат и парите на човек од кого што момчето понекогаш си купува сладолед. Конечно доаѓаат и до самиот Џими на улицата. “Ти ли си Бозарт? Што направи со парата?”, прашуваат полицајците нетрпеливо.
Момчето ја подава во нивни раце и повеќе не слуша ништо за неа. Повеќе од 4 години подоцна, во есента во 1957-та година, Џими доаѓа дома за викендот. Тој е студент во прв семестар, во Политехничкиот институт. Татко му го пречекува на скалите. Во нивниот дом има новинарите.
„Имавме многу скромен дом, живеевме над еден бар,“ раскажува Бозарт.
„Никој никогаш не доаѓаше кај нас“, додава тој.
Излегува дека проблемот со микрофилмот содржел криптирана порака која е препознаена од советски дезертер. Така властите стигнуваат до полковникот Рудолф Абел – советски шпион уапсен во јуни 1957 година. Тој го пуштил мникрофилмот по грешка години порано и така ја прати на патување кое завршува во рацете на Џими.
“Мостот на шпионите” – новиот филм на Спилберг, ја раскажува приказната на Џејмс Донован (во улогата Том Хенкс) – адвокатот кој го штител Абел.
Бозарт сведочи во случајот против Абел, но проблемот не е од суштинско значење за докажување на случајот.
И сепак, приказната за весникарчето и шупливата монета ги освојува луѓето. Случаен граѓанин му купува на Џими автомобил како награда. Година подоцна Бозарт ја продава и со парите купува акции во рудникот. Таму е отворено огромно наоѓалиште на сулфур. Само 18 година, Џими прави сериозни пари.
Со текот на годините се зафаќа со различни видови на бизниси, од кои некои многу успешни – производство на електроника, вендинг машини, дискотеки, стриптиз клуб во Лонг Ајленд, ресторан во Хамптенс, хотели, одморалишта и ресторани во Флорида.
Иако е успешен Бозарт сака уште. „Ја сакам монетата“, вели тој. Таа сепак одамна е предадена од ФБИ во музеј во Вашингтон.