Верзијата за терористички акт на одборот на A321 ќе се докажува во лабораториите

Лабораториската експертиза на “црните кутии” на урнатиот руски авион А321, како и резултатот од спектралната анализа на урнатините, при што може да бидат откриени траги од експлозивни материи, се единствените сигурни докази за претпоставката дека трагедијата била предизвикана од терористички акт, пишува “Коммерсант”,
повикувајќи се на извор од истрагата.

2E11EA1800000578-0-An_initial_inspection_of_the_Cockpit_Voice_Recorder_pictured_fou-m-7_1446913052467

Според зборовите на изворот, засега нема официјална причина да се преквалификува кривичното дело, поднесено од руското обвинителство за несреќата на А321 по член 238 и 263 од кривичниот законик, кои третираат случаи на смрт на две или повеќе лица, предизвикана од небрежност и непочитување на мерките за безбедност на летовите, а не предизвикана од терористички акт.

Во врска со пропагандната верзија дека несреќата на рускиот авион е резултат на бомба,  вчера шефот на египетската комисија за истрага на несреќата Ајман ал Мукадам ги повика медиумите да засноваат мислења само на официјални изјави, а не на неверодостојни информации објавени со упатување на анонимни извори, потсетува “Коммерсант”.

- Реклама -