Гледате монета на улица и викате: „Среќичка!” Ја земате и ја ставате во паричникот за да ви донесе уште пари. Да, но според источните суеверија, тоа е огромна грешка. Штом веќе е загубена, веројатно претходниот сопственик има лоша среќа со парите . Земајќи ја паричката, ние ја превземаме неговата карма. Значи, ако не сме сигурни дека оној кој ги изгубил парите е милионер, подобро е да не ги допираме воопшто.
Има уште интересни суеверија и знаци поврзани со парите. Така на пример, ако му даваме некому пари, не треба да го гледаме во очите , за да не ни тргне само на „давање”. Никогаш не треба да се расфрламе со пари, бидејќи со една нога сме западнале во сиромаштија. Ако ви требаат ситни парички , секогаш користете го кусурот, не давајте „големи пари за ситни”.
За да не ја нарушуваме енергијата, треба секогаш да даваме со десна и да земаме пари со лева рака. А најлесно заработените пари не треба да ги држиме долго во својот дом , нивната енергија е нестабилна и колку и да не ни се верува (и сака) може да не потресе финансиски. Ако сте заработиле од игра, сте добиле неочекувана сума, подарок, потрошете ги побрзо овие пари.
И за крај нешто навистина интересно – навечер никогаш не седете, ако трпезата е празна! По зајдисонце, седнувањето на празна маса значи и празен паричник. Не смееме да држиме на масата и празни чаши, чинии, шишиња, итн. Воопшто “ништо да не е празно”, за да имаме полни банкарските сметки. : )
Уште совети на оваа тема, следуваат во продолжение: Неколку стари народни верувања за да ви тргне со парите