Завчера објавивме фотографии до Загреб од сложни комшии што заеднички ги украсиле балконите. Во статијата се шегувавме дека такво нешто – сложни комшии, постојат само во приказните (од истата причина и насловов ни е таков), а ја завршивме со реченицата: „Ај па здравје, и за Скопје/Македонија некогаш вака да пишеме“.
И ете, бидна! Уште вчера веднаш се пријавија станари од ул. „Бојмија“ 6 од Скопје, со слика со сé! Велат дека вака убаво накитен влезот им е секоја година. Браво дечки (зашто се млади во духот)!
PS. Ајде сограѓани, чекаме уште примери.