Овие производи се составен дел од нашето секојдевие, но никогаш не сме имале инструкции за нивно користење.
Во продолжение погледнете некоклу совети и трикови што ќе ве „просветлат“ и ќе го олеснат вашиот живот на сосема ново ниво.
1. Путер од кикирики
Одржете го путерот од кикирики во совршена конзистентност чувајќи го наопаку. На овој начин маслата се пренесуваат еднакво и го одржуваат путерот од кикирики екстра вкусен.
2. Пивски шишиња
Шишињата со долги грла се наменети да бидат користени за држење. На тој начин имате добар зафат на пивото и се избегнува негово стоплување во вашата рака.
3. Банани
Не ја лупете бананата од горе надолу. Најдобриот начин е да го направите тоа од долу нагоре.
Прочитај повеќе: За што можете да ја искористите лушпата од банана?
4. Дрвени лажици
Дрвените лажици се одлични бидејќи, за разлика од пластичните, тие не се топат. Таа функционалност е корисна кога варите нешта. Ставете ја дрвената лажица преку садот за готвење и ќе ја апсорбира екстра топлината и на тој начин спречува претекување од садот.
5. Продолжни кабли
Никогаш повеќе нема да ги откачите несакајќи продолжителните кабли. Само превиткајте ги во „чвор“ како на сликата.
Прочитај повеќе: Генијани решенија за чување и криење на неуредните кабли
6. „Јазиче“ на лименка
За да ја држите цевката на место, едноставно користете го „јазичето“ од лименката.
7. Пиво
Пивото е вкусно, но тоа може да биде користено за многу повеќе од пиење. Пробајте да маринирате месо со него, или дури и да го полирате дрвениот мебел. Пивото е толку фасцинантно.
Прочитај повеќе: Трикови како да ја одржите храната свежа подолго време
8. Алуминиумска хартија
Конечно крај на вашата фрустрација со алуминиумската хартија. Притиснете ја картонската кутија од страните за ролната да ја држите на место.
9. Кесите чипс или смоки
За лесен пристап до вашиот омилен чипс или смоки, треба само да го подвиткате дното на кесата навнатре и добивате сад. Прекрасно.
Прочитај повеќе: кесата од чипс лесно станува чинија – видео
10. Паста за заби
Спротивно на секоја реклама за паста за заби, потребно ви е само мала количина на паста за заби за да биде ефективна. Останатото е непотребен трошок.
11. Столици
Седете исправено! Колку пати сте го слушнале ова додека сте растеле? Па, вистината е дека оние кои седат со исправен грб имаат поголеми проблеми со грбот отколку оние кои седат згрбавено. Можеби е време да се ослободите од тие столици за прав грб?
12. Лифтови
Се брзате да стигнете некаде? Почнете да го користите лифтот правилно. Повеќето лифтови се опремени со можност за без застанување. Притиснете го копчето за затворање на вратата и копчето за катот на кој сакате да стигнете во исто време. Држете ги двете копчиња и лифтот ќе ве однесе на посакуваниот кат без да стопира на другите.
13. Лажици и тенџериња
Дали сте знаеле дека дршките од тенџерињата (како на сликата) се наменети за држење на дрвените лажици?
14. Кока- Кола
Кока-Колата е повеќе од вкусен пијалок. Може да ја користите и како одмрзнувач на стакло, остранувач на р’ѓа, вадење на дамки од крв, и многу други корисни примени.
Прочитај повеќе: Необични начини на кои Coca-cola-та може да ви помогне
15. Тестенини
Знаете да правите добри тестенини? Можеби сте во право за тоа, но можеби многу многу грешите. Златното правило за правењето на тестенини е: користете голем сад, наполнете го со ладна вода, посолете ја водата обилно и никогаш не ставајте зејтин во водата. Ете! Прекрасни тестенини секој пат!
16. Хартиени крпи
Со хартиените крпи можете да го оладите вашиот пијалок во неколку минути. Само наводенете ја и ставете ја околу пијалокот. Ставете ја во фрижидер и за 15 минути имате совршено ладен пијалок.