Венецуела: Едно јајце, 690 денари

jajce

Како да не е доволно што Венецуелците не можат да најдат храна во Венецуела, сега имаат и друг проблем кој секојдневно се влошува. Цените на храната во Венецуела пораснаа толку многу, што се практично недостижни. Тие што не насобраа залихи од храна пред владата тоа да го забрани, сега веројатно силно посакуваат тоа да го направеа.

Брз курс по хиперинфлација

Хиперинфлација е кога цените за кратко време растат до апсурдно високи суми. Обично се случува кога валутата на една земја станува безвредна како последица на економски колапс или дефицитарно трошење (т.е. владино трошење на средства што ги надминуваат државните приходи или средства добиени со заем), откако владата ќе испринта повеќе кои не се засновани на реална вредност.

Хиперинфлацијата речиси го уништи Зимбабве, на пример, откако владата без никакви ограничувања печатеше пари, со цел да може да води војна. Таму се случи запрепастувачко зголемување на цените од 2.2 милиони проценти. Сепак, најпознатиот случај на хиперинфлација е тој на Вајмарска република Германија во 1922-1923 година, кога хиперинфлацијата достигна 1.000.000.000.000 на 1.

venezuela

Цените на храната во Венецуела дефинитивно достигнаа ниво на хиперинфлација. ММФ предвиде дека годинава, таа ќе достигне 720%, но други експерти, со оглед на ситуацијата, сметаат поинаку – 1200%. Падот на цените на нафтата е само делумна причина, како и неодговорното трошење на социјалистичката влада.

LA Times излезе со напис кој ја доловува ситуацијата во Венецуела од многу лична перспектива. Репортерот интервјуира жена по име Марија – самохрана мајка која работи како сметководствен асистент за владата.

Нејзината месечна плата е 27.000 боливари. Тоа се 2700 долари месечно, барем според официјалната стапка на размена од 10 боливари за 1 долар. Ама Венецуелците имаат толку мала доверба во својата валута, или во способноста на владата да ја поправи економската криза во земјата, што 1 долар на црниот пазар чини и до 1000 боливари. Гледано од тој аспект, Марија Линарес заработува 27 долари месечно (околу 1490 денари).

Вели дека нејзиното семејство опстојува на јајца, касава (маниока), пченкарно брашно и млеко во прав. Пилешко месо немаат јадено од декември.

Преку ноќ, Марија чека во редицата за да стигне да пазари во маркет кој е регулиран од владата. Често, додека таа стигне да влезе, веќе сé е распродадено. Тогаш ѝ останува само една опција – да купува храна на црниот пазар. Последен пат кога успеала да купи храна во владина продавница било пред 3 месеци.

Цената на јајцата во владините продавници е еквивалентна на 45 долари (околу 2480 денари), за 12 јајца. Цената на јајцата на црниот пазар е 150 долари! Со други зборови, едно јајце е 12.5 долари т.е. 690 денари.

Плаќа по 20 долари за 0.45 килограми касава и од 75 до 100 долари за 0.45 килограми млеко во прав.

venecuela-humanitarna-kriza-02[1]

Постои еден извор што не се согласува со извештајот на LA Times.

Telesur негира дека јајцата чинат 150 долари, истакнувајќи: „Интернационалните медиуми продолжуваат погрешно да известуваат за економската криза во Венецуела и ефектот на високата инфлација врз трошоците на живеење“.

Арно ама, Telesur е информативен извор на англиски јазик, создаден со цел да понуди „латинско-американска перспектива“ на светските настани. „Вестите“ што се сервираат преку овој сервис, според International Business Times, доаѓаат директно од владејачката партија. IBT го става на исто рамниште со Al-Jazeera English, China Central Television, Russia Today и France 24, како владин напор да се создадат вести на англиски јазик, од земји од неанглиско говорно подрачје.

- Реклама -