Сите жени од мали ја замислуваат својата венчаница од соништата. Изборот на венчаница е лично ваш избор, затоа таа треба да ви се допадне првенствено на вас и на вашите ставови и принципи. Бидете решителни и ќе добиете една прекрасна и раскошна свадба, на која ќе се сеќавате долго време … Освен убави, фустаните на Anna Campbell се едноставно прекрасни и затоа решивме да ви ги презентираме моделите од нејзината колекција за 2014-а. Австралиската дизајнерка создала неверојатни фустани, од кои застанува здивот.