Според проценките во хрватските медиуми, над пола милион Хрвати ги пречекале фудбалските репрезентативци кои на Светското во Русија го освоија среброто. Патувањето, или поточно речено – пробивањето, од аеродромот до централниот плоштад во Загреб, траеше повеќе од 5 часа.
Но не сите херои носат наметки, или во случајов – фудбалски дресови. Некои херои носат и полициски, како еден од членовите на полициската придружба на мотор која ја обезбедуваше поворката. До толку ги освои срцата, што сега Хрватите по социјалните мрежи прават сé за да го идентификуваат. Еве зошто:
„Овој крал вози четири часа од аеродром и не престана да се смее, да го поздравува и да се ракува со народот. Споделете ја оваа фотографија, да дознаеме како се вика оваа легенда, јас го честам седум дена одмор во Дубровник“, ветува Миха Будман од Дубровник.
виа Спорт1