Велика Британија ќе соработува со С Македонија, Србија и Косово за сузбивање на имиграцијата

Договорите кои ќе ги склучи Британија ќе ја зголемат размената на разузнавачки инфромации и соработката со трите земји од регионот со цел пресретнување на мигрантите

Велика Британија ќе потпише договори за соработка со С Македонија, Србија и Косово за спречување и сузбивање на нелегалната миграција, соопшти британската влада, јави Би-би-си. Договорите ќе ја зголемат размената на разузнавачки инфромации и соработката со трите земји од регионот со цел пресретнување на мигрантите.

Илустративна фотографија: EPA-EFE/GELMERT FINOL

„Овој регион е клучна рута што ја користат оние кои илегално завршуваат во Европската Унија или Велика Британија, со речиси 100 000 мигранти кои транзитирале низ Западен Балкан минатата година“,

соопшти британската влада.

Премиерот Кир Стармер ќе ги објави плановите на денешниот состанок на Европската политичка заедница (ЕПЦ) во Будимпешта.

Британија веќе има договори со земји, вклучително и Албанија и Турција, за споделување разузнавачки информации за попречување на групите кои шверцуваат мигранти.

- Реклама -