Лондон – од 2015 година минималната плата во Велика Британија за лицата од 25 години пораснала за скоро една четвртина. Па така што една дневница изнесува 8,21 фунта – околу 9,2 евра.
На 30 септември британскиот министер за финансии, Саид Хавид, објави дека тамошните власти не завршиле со покачувањето на минималната плата.
Постигнувајќи ја крајната цел на неговиот претходник, Филип Хамонд, Хавид вети дека ќе ја „прекине малата плата“ до 2024 година и тој најави покачување на минималната плата.
Денес, тоа би значело стапка од околу девет фунти на час. Саид Хавид смета дека за пет години ќе се работи за околу 10,50 фунти – што би значело околу 12 евра. Тој исто така ветува дека задолжително ќе се намали и старосната граница па така што ова покачување на минималната плата ќе се однесува и на работниците кои што се со старосна граница од 21 година.
Интересно е што минималната плата во Велика Британија расте побрзо од другите развиени земји, поради што се искачи на меѓународната скала за минимална плата и наскоро би можела да заврши и на врвот.
Во 2018 година најголема минимална плата имала Франција, а потоа следуваат Австралија, Велика Британија, Канада, Холандија, Германија, Јапонија и САД.