Велика Британија ги нанесе првите воздушни удари во Сирија

Велика Британија ги нанесе првите воздушни удари во Сирија.

По 10-часовни дебати британскиот парламент го одобри одржувањето на воената операција против “Исламска држава” во Сирија. Цел на воздушните напади се шест стратешки цели кои се под контрола на ИСИЛ.

britaija

По гласањето, премиерот Дејвид Камерон објави дека е донесена правилна одлука со која земјата ќе биде безбедна, но според неговите противници овој потег е грешка.

Министерството за одбрана на Велика Британија потврди дека првите борбени авиони се вратиле од операцијата во Сирија и спровеле воздушни напади.

Се очекува подоцна британското Министерство за одбрана да излезе со повеќе детали околу операцијата.

- Реклама -