Велешко лето распишува ликовен и поетски конкурс на тема „Лето во Велес”

Општина Велес и манифестацијата Велешко лето распишуваат ликовен и поетски конкурс на тема „Лето во Велес”!

Право на учество имаат деца и млади на возраст до 18 години, кои ќе бидат поделени во три возрасни категории.

Достава на ликовни творби: По пошта на ул.Панко Брашнар бр.1, Велес, или во архива на Општина Велес, со назнака: За ликовен конкурс.

Достава на поетски творби: Преку е-пошта на veleskoleto@veles.gov.mk, со назнака: За поетски конкурс.

Потребни податоци: име и презиме на авторот, место, телефонски број и е-адреса.

Рок за достава: 15.08.2024 година.

„Да ги исполниме топлите летни денови со креативност и да ги наградиме најдобрите“, велат организаторите.

- Реклама -