Велешанец приведен бидејќи искршил табла со натпис „Република Северна Македонија“

Утринава во 6:20 часот на ул.„Димитар Влахов“ во Велес полициски службеници од Полициска станица Велес го лишиле од слобода Н.Ќ.(39) од Велес кој бил во алкохолизирана состојба.

Претходно велешанецот бил пријавен дека искршил табла со натпис „Република Северна Македонија“ поставена на објект на ул.„Димитар Влахов“ во Велес.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

- Реклама -