Како и во петокот, агенцијата „Макфакс“ и денеска не доби дозвола да ги сними МРП вакцините со декларации со погрешен датум складирани во депото на „Македонијалек“, со цел да се расчисти дилемата во јавноста за тоа дали вакцините се исправни.
Иако Министерството за здравство, Агенцијата за лекови (МАЛМЕД) и Македонијалек уверуваа дека вакцините се со важечки рок на употреба, веста дека спорните ќе бидат уништени дополнително го подгреа скептицизмот околу во јавноста, особено меѓу оние кои и без тоа се двоумат или се против вакцинација.
Многу не помогна ни уверувањето од директорот на МАЛМЕД – Ќахил Ибраими, кој објасни дека уништувањето е согласно со член 106, став 1 точка 5 од Законот за лекови. Според членот 106, лекот се смета за неисправен ако рокот на употреба е истечен, ако органолептичките карактеристики се изменети (изглед, боја, вкус и мирис), ако пакувањето е оштетено, ако лабораториската контрола покажала дека не е во согласност со декларираниот квалитет и ако лекот е повлечен од употреба од која било друга причина.
Повеќе на Макфакс.