Вегетаријанска „паштета“ од наут

Доколку сте љубител на здравата и вегетаријанска храна, овој рецепт е создаден за вас.

Некои го нарековаат наут ( непечена леблебија), некои само леблебија.  Сепак ова јадење, т.н Хумус доаѓа од Либанската кујна, се надеваме дека  ќе го обожавате.

Наутот е извонреден извор на манган, минерал што учествува во процесот на добивање енергија од протеините и јагленохидратите и учествува во синтезата на масните киселини неопходни за одржување здрав нервен систем. Тој е извонредно хранлив продукт, богат со железо, со многу витамини и цинк.

Состојки:

– 200 гр. варен наут (леблебија);
– 100 мл. вода во која се варел наутот;
– 40 гр. таан;
– 2-3 лажици лимонов сок;
– 2 чешниња лук;
– 50 мл. малсиново масло;
– 1 лажица исечкан магдонос;
– половина лажичка мелен црвен пипер.

Подготовка:

Наутот потопете го во вода и оставете го да кисне преку цела вечер. Омекнат, варете го околу час и половина до два или додека комплетно не омекне, водејќи сметка да не се распадне, а потоа исцедете го.

Водата од наутот, во која сте додале малку сол, зовријте ја повторно и оставете ја да се олади.

Наутот, заедно со водата, лимоновиот сок и лукот, иситнете ги во блендер за да добиете изедначена маса. Во блендерот додадете ги маслиновото масло, магдоносот, црвениот пипер и таанот и помешајте уште еднаш. Доколку смесата ви излезе премногу густа, додадете уште малку од водата во која се варел наутот.

Подготвениот намаз ставете го во фрижидер и оставете го добро да се излади. По желба можете да го декорирате со маслинки или гранче магдонос.

/Идивиди

- Реклама -