Вечрва Земјата, Марс и Сонцето ќе се наредат во една линија

Вечерва (вторник – 08.04.2014) Земјата, Марс и Сонцето ќе се наредат во една линија, соопшти американското списание „Astronomy”. Ова се повторува на секои две години.

Тоа значи дека Марс се појавува малку пред зајдисонцето и ќе може да биде виден речиси цела ноќ за време на движењето на небото.

Според програмата на НАСА за проучување на Марс, планетата ќе изгледа како зафатена од пожар со портокалова боја и ќе биде десет пати посветла од останатите ѕвезди на небото.

„Од наша гледна точка Марс ќе се покаже на Исток во моментот, во кој што сонцето заоѓа на запад”, гласи информацијата од НАСА.

„Потоа, откако ќе отстои цела ноќ на небото, Црвената планета ќе зајде на запад точно во моментот на изгрејсонцето на исток”.

Во моментот на најголемо приближување Земјата и Црвената планета ќе се наоѓаат на растојание од „едвај” 57 милиони километри.

Марс нема да заземе таква позиција пред следното ниво од 22 мај 2016 година.

- Реклама -