Вечерва сите на Пикасо

pikaso-mkc[1]

Од вечерва (19 февруари) па до 16 март, во МКЦ ќе биде отворена бесплатна изложба на четириесет и шест графички дела на Пикасо – факсимили на цртежи, литографии и одделни гравури, кои го опфаќаат временскиот период од 1932 до 1969 година. Меѓу изложените ќе има и ретко видени и ретко достапни дела.

20_pablo-picasso-glava-na-zena-1963_2[1]Пикасо, инаку, има посебна врска со Скопје. Во знак на солидарност по скопскиот земјотрес тој лично го подарил делото „Глава на жена“, кое е дел од колекцијата на Музејот за современа уметност.

Од МКЦ најавија дека покрај Пикасо, оваа година, македонската публика ќе има можност да ги види и делата на големите мајстори на американскиот поп-арт, Енди Ворхол, Рој Лихтенштајн и Роберт Раушенберг.

- Реклама -