Во рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“, вечерва ќе се одржи концерт на Елена Голомеова – сопран и Нита Груби – пијано, со почеток во 20:30 часот во Салон 19:19 – Културно информативен центар.
На концертот ќе бидат изведени: Сцена на Џилда од Операта „Риголето“: Џузепе Верди (Фр.), Врати се – Музика: Ернесто Д. Куртис (Фр.), Сцена на Жанет од Операта „Свадбата на Жанет“ – Музика: Виктор Масе (Фр.), Medley на Корзиканска музика: Луи Лаш/Жан Пол Чугурно (Корзика Фр.), Medley на Израелска музика: Клод Бернар/Абраам Ц. Иделсон (Фр.), Прими светлина – Музика: Луиза (Фр.), Мамо колку сум среќна – Музика: Чезаре А. Биксио (Фр.), Medley на македонска музика.