Вечерва на МТФ Скупи Фестивал куклената претстава „Сауна“

МТФ Скупи Фестивал, вечерва, 30.10.2015, во Младинскиот Културен Центар ви ја претставува „Сауна“ на театарот Метаморфосис од Хелсинки, Финска.

unnamed (1)

Метаморфосис е професионална театарска група посветена на развојот на куклениот театар во Финска. Нивната претстава „Сауна“ преставува претставува истражување на женскиот светоглед, женското тело и телесната меморијa.

Во Финска сауната е место на раѓање и смрт, размислување и чистење. Во темнината сетилата се будат. Топлината, мирисите, звуците и вкусовите будат длабоки емоции и сеќавања. „Сауна“ и го носи на публиката магичното искуство на финската сауна. Камењата на печката се чини дека дишат и оживуваат, како што се материјализира животниот циклус на жената. Духовното и телесното се сплотуваат во нејзината интимна приказна и фантазии. Незапирливите промени исковани од времето се прифаќаат и слават. Оваа нема приказна на маски и предмети е придружувана од оригинална музика.

unnamed (2)

Режија и сценарио: Соиле Макела Улоги: Јохана Култала, Елина Путкинен

Звучни ефекти во живо: Рина Тиканен Композитор: Маија Русканен

Креација на маски: Култала, Макела и Путкинен со Етиене Шампион

Изработка на кукли: Јохана Латвала

Дизајн на светло: Еми Ваинио

Костими: Еми Ваинио

Времетраење: 45”

Билети по цена од 150 денари можат да се купат на билетарата на МКЦ.

unnamed

- Реклама -