Македонската премиера на црногорскиот игран филм „Планета 7693“ во режија на Гојко Беркуљан, ќе биде одржана вечер во киното Киноверзум во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода. Филмот ќе биде прикажан во рамките на официјалната програма на годинашното издание на Меѓународниот филмски фестивал КинеНова.