Вечерва (14 наспроти 15 април) растојанието помеѓу нашата планета и Марс ќе биде 92 милиони километри.
На 9 април Земјата, Сонцето и Марс се наредија во права линија, а вечер , 14 април црвената планета и Земјата ќе бидат многу блиску една од друга. Така земјаните ќе можат да го видат Марс со голо око.
Истата ноќ ќе има и целосно затемнувањето на Месечината, со тоа што Месечината ќе стане црвена како Марс.
Приближувањето на Марс и Земјата се случува еднаш на секои две години. Следниот пат кога црвената планета ќе може да се види јасно од нашата планета, ќе се случи на 22 мај 2016 година.
Причината за овој вселенски феномен е тоа што Земјата се движи побрзо од Марс, бидејќи таа е поблиску до Сонцето и соодветно завршува кругот за 365 дена, додека Марс го прави тоа за 687 дена.