Вечера со непознат на „Комшилоок“

Во сабота во 18:00 часот, во населба Железара, како дел од фетсивалот „Комшилоок“, ќе се одржи несекојдневен настан и сите оние кои се подготвени за неверојатно и единствено искуство ќе можат да се придружа на вечера со непознат во домовите на домаќините од Железара. 

„Три од нашите семејства ги отвораат своите домови и кујни за да подготват вкусна вечера само за вас. На нашите домаќини ќе им помогнат @mayacooks23, @anamarija.kuzmanovska и @elenabubaloќе кои заедно ќе ја приготват вечерата. Уживајте во домашно подготвена храна сервирани на прекрасни чинии и садови направени од @lipa.ceramics, @nomad.creativestudio и @mokko.woodwork. Запознајте нови пријатели, уживајте во домашно зготвена храна и бидете од овој неверојатен социјален експеримент и да ја прославиме радоста на заедничкиот оброк“, велат организаторите.

Прочитајте и:  Ново издание на фестивалот ,,КомшиLOOK" во септември

По завршување на вечерата, учесниците ќе можат да ја проследат целосната програма на „Комшилоок“

- Реклама -