Веб страници кои ќе значат нешто во 2009-та: Power.com

Повеќе... PC World магазинот направи еден преглед на веб страници кои иако во моментов не се толку познати до крајот на оваа 2009 година најверојатно сите ќе чујат за нив и ќе ги користат. Од нив ја изделивме Power.com со оглед на тоа колку социјалните заедници на интернет стануваат сè повеќе популарни и масовно се користат.


Power.com PC World магазинот направи еден преглед на веб страници кои иако во
моментов не се толку познати до крајот на оваа 2009 година најверојатно
сите ќе чујат за нив и ќе ги користат. Од нив ја изделивме Power.com со
оглед на тоа колку социјалните заедници на интернет стануваат сè повеќе
популарни и масовно се користат.

Иако Power.com сè уште не е толку позната веб страница таа веќе брои над 5 милиони корисници, а се предвидува дека оваа 2009-та година многу ќе се зборува за овој сајт кој ги интегрира профилите на еден корисник на сите социјални мрежи на кои припаѓа.

Power.com функционира врз премисата дека повеќето од нас припаѓаме на повеќе веб страници за социјално вмрежување, па така станува проблематично да се логира и да се биде во тек со постовите на секоја од нив. Затоа, Power.com дозволува да се логирате еднаш и потоа да имате увид (и да можете да одговарате) на која било од социјалните мрежи, сè од едно место. На Power.com можете да бидете во тек со постовите, промените на статусот итн. на сите ваши пријатели од повеќе социјални заедници и симултано да испраќате нови пораки и апдејти на сите овие места.

Погледнете ја комплетната листа на 10 веб страници кои ќе значат нешто во 2009 тука.

- Реклама -