ВАЖНО: Студентките што се тушираат во „Кузман“ да пазат на камери (ФОТО)

На Фејсбук страната „Путуј Европо“ е објавена фотографија на која се гледа како на надворешната страна на прозорите кај наводно женските тушеви во државниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ е поставен мобилен телефон што снима кај што не би требало да снима. Монтерот па уште и пуштил продолжен кабел и го приклучил телефонот на полнач.

Бидејќи информацијата не можеме да ја провериме, ја споделуваме студентките сами да си проверат…

ДОПОЛНЕТО: Фотографиите се направени од S. Плавевски – фоторепортер на весникот „ВЕЧЕР“.

ДОПОЛНЕТО: Претходно предупредувањето било објавено на Твитер. Се работи за третиот кат на студентскиот дом, а според коментарот на фоторепортерот на „Вечер“ оставен под објавата, телефонот веќе е отстранет. Сепак, остануваме на тоа дека студентките треба да бидат внимателни, па и не само овие во „Кузман“.

виа:

https://twitter.com/NinoMakedon/status/1080747243353841664

 

- Реклама -