Го знаете Гарфилд, дебелиот, размазен, себичен и лукав портокалов мачор од истоимениот стрип, во кој ги малтретира неговиот наивен и добродушен сопственик Џон Арбакл, и неговото приглупо, но лојално куче Оди.
Гарфилд често ги исмева сопствениците на куќни љубимци и нивниот однос со животните, често прикажувајќи го самиот миленик во позиција на вистинскиот господар во домот. Стрипот се бави и со честите човечки прашања и проблеми, како диетите, апатијата, досадата и „понеделниците“.
Во меѓувреме, публиката и фановите на стрипот, се бават со тоа дали Гарфилд е машко или женско. И тоа жестоко, а сé под капата на наводната полова дискриминација што ѝ се прави на фиктивната мачка. Расправата е толку жестока, објави Washington Post, што заради големиот број на измени на содржината на текстот за Гарфилд, Википедија мораше истиот да го „заклучи“ (Википедија е енциклопедија што дозволува да биде едитирана од било кој доброволец, било регистриран или нерегистриран).
Војната почна пред две години, кога авторот на Гарфилд – Џим Дејвис, објави дека Гарфилд „не е баш мажјак или женка“. Но очигледно Дејвис мислеше на нешто друго, а не на полот како таков.
Овој пат се одлучи конечно да ја реши „контроверзата“. Изјави дека Гарфилд е сепак машко, и дека дури има и „девојка“ – Арлин. Рече и дека животните му се допаѓаат како тема, бидејќи „за нив да ги разбереш не ти се важни полот, расата, или националноста“.
Можеби да беше ова нормален свет, Дејвис ќе беше во право за ова последново. Ама вака, се заебал.