Кањонот Матка е заштитено подрачје од трета категорија и е прогласен за споменик на природата, но и покрај тоа, општина Сарај и градоначалникот Блерим Беџети одбиваат да ги урнат диво изградените платформи. Уривањето ќе биде последна опција, а ќе се бараат начини за нивно легализирање, порача претходно Беџети.
Во меѓувреме, Државниот инспекторат за градежништво се прогласи за ненадлежен, со изговор дека станувало збор за објекти од локално значење. За министерот за транспорт и врски – Горан Сугарески, меѓутоа, таквиот став е неприфатлив. Ако за дивите платформи на Матка не постапи општината, тогаш мора да постапи Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, порача Сугарески, истакнувајќи ги членовите 145 и 149 од Законот за градење, според кој во случаите во кои не постапува општината, сите надлежности ги презема Државниот градежен инспекторат. Целата изјава на Сугарески прочитајте ја на САКАМДАКАЖАМ.мк.
Важат ли закони и институции во Сарај? Драмата околу дивите платформи како допрва да се разгорува, па веројатно ќе дознаеме наскоро…