Македонската православна црква и нејзините верници, но и православните цркви и народите кои го почитуваат Јулијанскиот календар, денеска го слават првиот ден од новата 2015. година и големиот празник Василица, посветен на Свети Василиј Велики.
Кој бил Свети Василиј?
Свети Василиј Велики е христијански светец, теолог и епископ од Кападокија, Мала Азија Во црквата се смета како голем поборник за православната вера, пристаниште на моралната чистота и столб на Црквата. Се смета за основач на монашката традиција во источното православие. Како светец бил прогласен по неговата смрт. Православната црква го слави на 1 јануари, односно на 13 јануари, а католичката црква на 2 јануари.
Во црковните богослужби најчесто е нарекуван “ пчела на Црквата Христова, која им дава мед на верните и осило на еретиците“. Сочувани се многубројни дела на овој отец на Црквата: апологетски, богословски, подвижнички и канонски; и литургија наречена според неговото име. Василиевата литургија се служи десет пати во годината, и тоа: на 1 јануари, наспроти Божик, на Велики Четврток и на Велика Сабота.