Астрологот Џенигер Енџел ги споделува најкопатибилните љубовни совпаѓања за секој знак.
Бик- љубовни совпаѓања со другите хороскопси знаци
Овен: Може да биде фрустрирачки. Нивните енергии се различни и се движат со различно темпо. Но, постои романтика и страст, која може да ги задржи и да ги враќа еден кон друг.
Бик: Две вљубени птици! Комфорни и полни со љубов; понекогаш на нив не им е потребен никој друг. Ако тоа функционира, тоа е спојка која ќе трае цел живот.
Близнаци: Близнаците можат да бидат гласни и склони кон флерт и Бикот повлечен и цврст. Ретко овие двајца се привлекуваат еден со друг, но се разбира, ништо не е надвор од рамките на возможното.
Рак: Малку по малку, овие два знак си откриваат нешто повеќе за себе еден на друг, и можат да изградат длабока љубовна врска. Убавината и добриот живот- тоа е врска која може да трае до крај.
Лав: Постои привлечност меѓу овие два знака, но проблемите започнуваат кога доаѓа време да се одлучи, кој од нив двајца ќе го преземе водството?
Девица: Овие два земјени знаци имаат многу заеднички работи и се разбираат еден со друг. Тие делат карактеристики, вредности и љубов- совршено!
Вага: Животот треба да се негува, и никој не го знае ова подобро од овие два знака владеени од Венера. Впрочем, животот е за хармонијата и рамнотежат. И тие го разбираат тоа!
Скорпија: Спротивни знаци; некои успеваат, некои не. Ова може да влезе во категоријата врски на љубов-омраза. Може да биде возбудлива, но турбулентна.
Стрелец: Никогаш не велите никогаш, но овие два знака се со различни правци. За да успеат, нив им е потребно разбирање и чувствителност.
Јарец: Љубов, восхит, почит и разбирање. Заедно засекогаш!
Водолија: Можат да се научат еден со друг многу, но може да недостига љубовен сјај. Водолијата сака да биде екстравагантна и Бикот е цврст и стабилен.
Риби: Романтично во срцето, овие два знака делат длабока и трајна љубов. Безусловната љубов е таа која го охрабрува овој пар да бидат најдобри.