Астрологот Џенигер Енџел ги споделува најкопатибилните љубовни совпаѓања за секој знак.
Во следните дванаесет недели, секој вторник ќе објавуваме по еден хороскопски знак и неговите љубовни совпаѓања.
Започнуваме со првиот хороскопски знак во зодијакот:
Овен- љубовни совпаѓања со другите хороскопси знаци
Овен: Страсна врска и поврзаност, двата огнени знаци, овие двајца можат да бидат многу компетитивни. Дружељубиви и социјални, важно е ги усогласат своите интереси и вредности.
Бик: Може да биде фрустрирачки. Нивните енергии се различни и се движат со различно темпо. Но, постои романтика и страст, која може да ги задржи и да ги враќа еден кон друг.
Близнаци: Постојат предизвици, со оглед на тоа што Овенот прави, а Близнаците мислат. Нив им е потребна меѓусебна љубов и цел за да можат да трае подолго нивната врска.
Рак: Управуван од Месечината, Ракот често може да биде премногу чувствителен за Овенот, земајќи ги нивните коментари и дела премногу сериозно. Потеребно е давање и земање на двете страни.
Лав: Како огнени знаци, тие двајца се во сихронизација, и имаат добро разбирање и познавање, речиси како код кој само тие, и само тие го разбираат. Тоа е ѕвездена врска!
Девица: Ова може да биде тешко соединување. Наметливоста и дрскоста на Овенот не одговара многу со сочувствителената природа на Девицата. И двајцата треба да „кренат бело знаме“ и да се помират.
Вага: Постои дисхармонија тука. Овните одлучуваат брзо а Вагите ги разгледуваат сите страни. Треба да си ги препознаат и признаат меѓусебните дарби.
Скорпија: Страст, и голема блискост, постои меѓусебна љубов и почитување. Но, нема место за тајни.
Стрелец: Овие два знака се како љубовни магнети. Се додека тие разговараат, тие се спојка направена во рајот!
Јарец: Јарецот ја сака возбудата и промената која Овенот ја носи во врската но тие се спротивни; тие стабилно се качуваат по планината со цел да најдат успех. Тие имаат многу да научат еден од друг.
Водолија: Тие се совршено љубовно сповпаѓање. Никогаш немаат здодевен момент!
Риби: Овните можат да бидат премногу груби за сензитивните Риби. Иако постои грижа, можат да си одат на нерви еден на друг, што значи дека се осудени на тага.