Варено вино: Рецепт со кој ќе ги освоите пријателите

Еден од омилените зимски пијалоци кој ја загрева секоја клетка во телото и кога температурата паѓа под нулата, тоа е вареното вино. Слаткиот и вкусен пијалок е одличен избор за престојните празници и е добра причина за собирање на друштво во топлиот дом, исполнето со ароматични мириси на неодоливите зачини. За сите вас кои трагаат по совршениот рецепт за овој вид на пијалок, ви го претставуваме рецептот на Џејми Оливер кој гарантира експлозија на вкусови во вашата уста.

Состојки:

– 2 мандарини
– 1 лимон
– 1 лемон
– 200 грама кафеав шеќер
– 6 каранфилчиња
– 1 стапче цимет
– 3 лисја од ловор
– 1 стапче ванила
– 2 ѕвездест анасон
– 2 шишиња црвено вино

Подготовка:

1. Излупете ги мандарините, лимонот и лемонот и исечете ги на ситни парчиња. Во голем лонец ставете го кафеавиот шеќер, и мешајте полека да се стопи на средна температура, а потоа додадете кора од цитрон и сокот од мандарина. Додадете ги каранфилчињата, стапчето цимет и ловоровите листа. Стапчето ванила исечете го по должината и додадете го во садот, кратко промешајте и полијте го виното доволно само да се покријат состојките.

2. Оставете на тивок оган смесата да се готви околу 5 минути додека шеќерот не е целосно растопен, а потоа треба да добиете густ сируп. Добиената базична смеса на сируп е клучно за совршениот вкус на вареното вино, бидејќи така останатиот алкохол на овој начин нема да испари.

3. Кога сирупот целосно ќе добие кремаста структура, намалете го оганот и во лонецот додадете го анисот и остатокот од виното. На слаба температура загејте го околу 5 минути и бидете внимателни да не врие, а потоа виното можете да го сервирате.

Совет: Состојките во рецептот можете да ги намалите или да додадете некои по вашите омилени вкусови кои ги преферирате, но најважна е да ја следите постапката за припремање на сирупот кој е основата за совршениот вкус.

- Реклама -