Ванковска: Убава изјавава на Муцунски, ама кај мене не поминува

Фејсбук статус на Билјана Ванковска

Слушам убава изјава на Тимчо Муцунски за грчки медиум (за жал останатиот дел од емисијата, т.е. коментарот на новинарот не го разбирам).

На прв поглед паѓа в очи одличниот англиски и јасниот став за македонштината (ние сме Македонци, и тоа ќе останеме). Гледам дека тоа буди одушевување.

Но, скептик каква што сум, мене ми падна в очи нешто друго: тој кажа дека неговата партија останува посветена цврсто на европскиот пат и дека кога еднаш ќе бидеме дел на ЕУ, на еднаква нога ќе одлучуваме со другите (т.е. ќе нема кој да не’ блокира), па ќе си го вратиме името. Ова е навидум ем европска ем македонска агенда, ама наликува како на онаа изрека „you want to keep the cake and to eat it” – да ја сочуваш тортата и да ја изедеш. Контрадикција која не може да се разреши.

Прво и најважно, процесот на европско проширување е и официјално мpтoв или е во клиничкa cмpт, а Македонија нема алтернатива (не размислува за неа). Тоа значи дека додека да дојде време за евентуално зачленување, овде ќе се почитува Преспанскиот, децата во училишниот систем ќе учат за Северна, ќе носиме пасоши на Северна итн. Зборувам за 30-40 години кои вчера ги кажа и Хан. Тоа е период во исто траење колку што е времето во кое сме независна држава!!

Прочитајте и:  Жерновски демантира дека не ги предал акредитивите во романското МНР, најави дека ќе тужи за клевета

Второ, Грција (ако не Франција) пак може да се врати на својата тврда позиција, па секое непочитување на Преспанскиот да го користи за блокирање на патот до ЕУ. Да не ја заборавиме и Бугарија, на која експлицитно не ѝ одговоривме.

Значи, се вртиме во круг. А ВМРО-ДПМНЕ нема храброст да излезе со друга позиција, експлицитна и јасна за поништување на Договорот, бидејќи помил ѝ е Брисел (и Берлин) отколку што мислиме ние.

Сори, ама кај мене ова не минува… Ова е исто като сшто со СДСМ, се разликува во нијансите (на англискиот и на политичката реторика).

- Реклама -