Ван Перси останува во Арсенал поради сопругата

Капитенот на Арсенал, Робин Ван Перси ќе остане меѓу „Топчиите“ затоа што така го советувале неговата мајка и сопругата.

„Арсенал веруваше во него кога минуваше низ тежок перид, па зошто сега не би им се оддолжил така што нема да размислува за други клубови“ – вели сопругата на Холанѓанецот, Бушра.

За најдобриот стрелец во Премиер лигата има огромно интересирање од Манчестер Сити, Јувентус и Реал Мадрид.

„Во Арсенал сите го сакаат Робин. Тоа е огромна причина да остане во клубот. Арсенал нема долгови и Робин овде има статус на идол“ – додава мајката на Ван Перси, Жозе.

Холанѓанецот, како и да е, во моментов се наоѓа на подготовките со репрезентацијата за Европското првенство во Полска и во Украина. Оваа година за Арсенал постигна 37 гола на 47 натпревари.

Објавено во соработка со Екипа.

- Реклама -