Вампир откриен во масовна гробница

1236868345.jpg Можеби звучи како фикција, но никогаш не се знае со што ќе не изненади науката. Впрочем, таа секој ден го прави тоа. Последен пример за тоа се пронајдоците на скелет за кој се верува дека бил вампир…


c.jpg

Можеби звучи како фикција, но никогаш не се знае со што ќе не изненади
науката. Впрочем, таа секој ден го прави тоа. Последен пример за тоа се
пронајдоците на скелет за кој се верува дека бил вампир…

Скелет кои е изваден од гроб во Венеција е можеби првиот примерок на денешниот пример за вампир.

Matteo Borrini од Универзитетот во Фиренца, Италија го најде скелетот на жена со мала цигла во нејзината уста, додека ископувале гробници за да откријат жртви од чумата во средниот век – 1576 година.

Во времето кога жената умрела, многу луѓе верувале дека чумата е раширена од вампирите, кои наместо да пијат крв од жртвите – тие ги џвакале нивните наметки откако ќе умреле.

„Копачите на гробови им ставале цигла во нивните усти за да ги спречат да го прават тоа“, вели Borrini.

Верувањето во вампирите веројатно е создадено од тоа што понекогаш истекувало крв од устите на мртвите, предизвикувајќи нивната облека да се потопи и кине. Borrini, кои своите пронајдоци ги претстави во во Американската академија за форензички науки во Денвер, Колорадо(претходнава недела), тврди дека ова е прв таков вампир кој е форензички проучуван.

Но Peer Moore-Jansen од „Wichita“ Државниот универзитет вели дека тој нашол слични скелети во Полска и додека Borrini се радува, тој вели: „да се тврди дека е тоа е првиот вампир е малку смешно“.

Borrini во неговите студии сепак вели дека тоа е првиот гроб кој ги покажува доказите на егзорцизам против вампирите.

- Реклама -