Валкани ѕидови, чисти графити

reversegraffittiКога чистењето на јавните простори е криминал? Кога од тоа се создава уметност, очигледно. Неколку графити уметници од различни делови на светот се изразуваат себеси преку еден нов иновативен начин наречен Reverse Graffiti. Земајќи инспирација од оние „испери ме“ пораки напишани врз нечисти возила, овие графити уметници бараат нечисти места и ги исполнуваат со слики, пораки, дури и реклами користејќи наместо спрејови – четки за чистење.

Кога чистењето на јавните простори е криминал? Кога од тоа се создава уметност, очигледно. Неколку графити уметници од различни делови на светот се изразуваат себеси преку еден нов иновативен начин наречен Reverse Graffiti. Земајќи инспирација од оние „испери ме“ пораки напишани врз нечисти возила, овие графити уметници бараат нечисти места и ги исполнуваат со слики, пораки, дури и реклами користејќи наместо спрејови – четки за чистење.

Ваквиот вид улична уметнист ги става во морална дилема градските татковци кои мислат дека е криминал да се „валкаат“ ѕидовите со графити.

Британецот Poul Curtis, попознат како Moose, е еден од зачетниците на ваквиот вид улична уметност. „Оперирајќи“ во и околу Лондон, тој бил најмен и од неколку компании, како што е Smirnoff, кои сакаат да ја пренесат пораката за „чистота“ на овој нов и иновативен начин. 

02_reverse

Повеќе еколошки ориентираниот бразилецот Alexandre Orion, пак, ги „чисти“ тунелите во Сао Пауло за да создаде мурал од серија черепи како потсетување на возачите за загадувањето што нивните возила го прават. 

reversegraffitti2skulls
01_reverse
reversegraffitti3tunnels

Градските авторитети на Сао Пауло немајќи основа да го обвинат Alexandre Orion зошто чистејќи ги ѕидовите создал графити-уметност, немаа друг избор освен да го исчистат тунелот, но само на оние делови каде што претходно Orion веќе ги „исчистил“. После ова Alexandre Orion само ја продолжил својата работа на другата страна од тунелот. Крајно збунетите градски хигиеничари на крај решиле да преземат драстична акција, и не само што го исчистиле целиот тунел, туку и сите други тунели во Сао Пауло.

03_reverse
- Реклама -